Press "Enter" to skip to content

УКЛО Битола потпишан Договор за соработка со Универзитетот од Кожани, Грција (фото)

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола потпиша билатерален договор со Универзитетот на Западна Македонија –  Кожани, Република Грција.Потпис на документот ставија ректорите: проф. д-р Игор Неделковски и Теодорос Теодулидис. Тие ги дефинираа областите од заеднички интерес во делот на проектната соработка, креирање заеднички студиски програми и друг вид академска соработка која ќе ги опфати и студентите од втор и трет циклус студии.Двајцата колеги ректори ја истакнаа потребата од академското поврзување чија добра основа е најновиот проект Solve и претходно успешно реализираниот Еmployоuth. Ова особено затоа што Универзитетот во Кожани е пред нови предизвици за креирање иновациска зона и еко системи како иновативни и енергетски пристапи, во чие извршување се препознава и поврзувањето и потребната соработка меѓу двата пријателски универзитети.На чинот на потпишување на Договорот што се одржа во Ректоратот на УКЛО, ректорот на Универзитетот во Кожани, Теодулидис беше придружуван од неколку најблиски соработници меѓу кои раководителите, Елени Грива, Јоанис Бакурос, и Кристина Петалоти.Дoмаќини од УКЛО, покрај ректорот Неделковски беа неколку члена од Ректорскиот колегиум, проректорите: проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска, проф. д-р Јове Димитрија Талевски, проф. д-р Цветко Андреески и вработени од Централната стручна и административна служба.Потписниците оценија дека Договорот претставува само формализирање на соработката и дека е најважно од идеи да се премине кон практична реализација.

Поддршка за ова упати генералниот конзул, Александрос Видурис којшто присуствуваше на  чинот на потпишување на билатералниот договор.

More from ВестиMore posts in Вести »