Press "Enter" to skip to content

МКЦ Битола ја промовира Стратегија за развој на волонтерството во општина Битола до 2026 година

Денес хотел “Милениум“ во Битола беше промовирана новата Стратегија за развој на волонтерството во општина Битола 2023 – 2026 година, во организација на Младинскиот културен центар – Битола.

МКЦ – Битола како граѓанска организација која активно работи на промовирање на волонтерството на локално и национално ниво, во соработка со општина Битола и Локалниот волонтерски совет на општина Битола, во ноември 2022 година започна иницијатива за партиципативно креирање на нова стратегија за волонтерство за општина Битола за периодот 2023 – 2026 година.

Методологијата за работа на стратешкиот документ вклучуваше формирање на работна група составена од претставници на Локалниот совет за волонтерство, локални младински организации, Црвен Крст, општинска администрација и членови на Советот на општина Битола. Се реализираа 3 работни состаноци со претходно утврдена агенда и под водство на надворешен експерт којшто имаше задача да ги земе предвид сите забелешки, предлози, сугестии од страна на членовите во работната група и да ја подготви стратегијата.Со цел да обезбедиме поголема јавност и можност сите да се запознаат со процесот, да дадат свои мислења и предлози, се реализираа два форуми. Стратегијата е усвоена од страна на Советот на Општина Битола.

Проектот „Време е за волонтирање“ на МКЦ Битола е финансиран од програмата за грантови на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата” финансиран од Европската Унија.

More from ВестиMore posts in Вести »