Press "Enter" to skip to content

Приведен 18-годишник во Битола, пронајден кокаин при претрес во неговиот дом

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола вчера во 09:40 часот лишиле од слобода 18 годишник од Битола.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при претрес во неговиот дом во Битола, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен кокаин.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »