Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: жена тешко повредена откако била удрена од “рено“, 17 санкционирани возачи под дејство на алкохол

Во СВР Битола било пријавено дека во Битола, на крстосница од ул. „Широк Сокак“ и ул. „11 Октомври“, патничко возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 43 годишно лице од Битола, удрило во пешакот  на возраст од 77 години од Битола. Во несреќата пешакот се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
 
Во текот на изминатата вечер  (03/04.06.2023)во периодот од 22.00-05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата  санкционирани се 17 возачи.Од нив 7 на територија на  Битола ,  7 во Прилеп по 1 во Ресен,Демир Хисар и Македонски Брод. За време на контролата биле санкционирани и 8 други видови прекршоци.