Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: физички напад во градскиот пазар, каснување од куче скитник, превентивна акција во чаршијата

На 05.06.2023  во СВР Битола, С.Т. (60)  од  Битола пријавил дека во Градскиот пазар во Битола бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.06.2023 во СВР Битола, Г.Г. (42) од Битола, пријавил дека во Градскиот парк во Битола неговото малолетно дете било каснато од куче скитник.

Полициската станица од општа надлежност Битола при СВР Битола спроведе превентивно-едукативна акција на тема „Безбедноста на граѓаните – наша обврска“. Активностите се реализираа преку повеќе средби со вработени во продавници, бутици, занаетчиски работилници, златарници, обложувалници и други објекти од услужно-трговската дејност во градското подрачје и во Старата битолска чаршија. Притоа во комуникацијата со вработените во објектите, но и со граѓаните, полициските службеници укажуваа преку практични и едукативни искуства за тоа како да се воспостави поквалитетна заштита од криминалните дејствија од областа на имотните деликти –кражби, дрски кражби и слично. Низ средбите и разговорите на граѓаните посебно им беше потенцирана неопходноста од соработка и навремена комуникација со полицијата, пред сѐ преку точно и брзо пријавување на бесплатните телефонски броеви 112 и 192, а на вработените во разните услужно-трговски објекти им беа делени и летоци со едукативни содржина за заштита и превенција од имотни деликти.

More from ВестиMore posts in Вести »