Press "Enter" to skip to content

Општината Новаци ќе доделува стипендии за сите новозапишани студенти на УКЛО Битола од Новаци (фотогалерија)

Официјализирањето на Меморандумот за соработка меѓу Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола и Општина Новаци отвори нови можности за намалување на миграцијата на младите луѓе во најкритичните моменти во државата.Меѓу можностите за реално остварување на заложбата е иницијативата од УКЛО што Општината Новаци планира да ја потврди со одлука од Советот, на сите запишани студенти на прв циклус студии жители од Општината да им бидат покриени трошоците за студирање во текот на студирањето на додипломските студии.Градоначалникот Стевче Стевановски очекува дека на наредната седница Советот ќе ја прифати идејата, Општината да ги стимулира  младите жители  да се запишуваат на државните универзитети, поточно на УКЛО, да се стипендираат во нивното студирање, со верување дека  на овој начин се прави  чекор напред да се задржат младите дома – со студирање дома.  -Долгогодишната соработка со ректорот како професор и со УКЛО во различни области се надевам дека со овој Меморандум ќе ја продлабочиме уште повеќе. Покрај точките што ќе не поврзуваат во овој Меморандум во идната соработка дали во науката, образованието и било која област, е идејата, наша, која е и моја, а се надевам дека на наредната седница и Советот ќе ја прифати таа идеја, да ние како Општина ги стимулираме нашите млади луѓе, да ги поддржиме младите луѓе, идните студенти, идните академски граѓани, да се запишуваат на државните универзитети, поточно на нашиот, битолскиот Универзитет, тука да се образуваат, да го стекнат своето стручно образование и да останат на своето огниште, односно својата интелектуална способност да ја развиваат во рамките на нашите општини, на нашата држава, за да креираат развој и просперитет на нашето општество. Треба да стремиме, ние како чинители, да направиме сè што е можно да ги мотивираме младите луѓе да егзистираат и да студираат тука. Со овој чекор што сакаме да го направиме при уписот, при студирањето и да ги стипендираме во нивното студирање, верувам дека правиме еден чекор напред да ги задржиме.Според ректорот Неделковски со формализирање на иницијативата Општина Новаци прави крупен исчекор, во заложбата да се задржат младите и квалификувани луѓе, дека станива збор за еден позитивен пример со којшто Општината препознала начин да се намали миграцијата кон странство и миграцијата од руралните средини кон градовите.-Општината Новаци прави крупен исчекор во заложбата да се задржат младите и квалификувани луѓе, како еден од начините тие да останат и да студираат дома на државните универзитети. Важноста на овој потег на Општината Новаци е сериозен исчекор заради намерата да го стипендира целокупното студирање на додипломските студии и тоа е сериозен исчекор, бидејќи е пример со којшто Општината препознала начин да се намали миграцијата кон странство и миграцијата од руралните средини кон градовите во најкртичниот момент за државата.Иницијативата што се оценува како голем исчекор произлезе на чинот на потпишување на Меморандум за соработка што го парафираа ректорот, проф. д-р Игор Неделковски и градоначалникот на Општина Новаци, м-р Стевче Стевановски, што се одржа во Ректоратот на УКЛО, на  8.06.2023 г. . На чинот на потпшување присуствваа проректорите: проф. д-р Јасмина Буневска – талевска и проф. д-р Јове Димитрија Талевски и преставници од Централната и стручна служба на УКЛО.На овој начин, Меморандумот за соработка со самото потпишување промовираше еден од начините за сплотување на чинителите во општеството за решавање на вакви важни прашања кои може да отворат развојни перспективи во цели региони.

More from ВестиMore posts in Вести »