Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: комунален испектор индиректно барал пари, доби кривична

Криминалистичката полиција на СВР Битола до ОЈО Битола, денеска, 10 јуни 2023 година ќе поднесе кривична пријава против 53 годишно лице од Битола, вработен во општина Битола како инспектор во инспекторатот за контрола на патниот сообраќај.

Имено пријавениот во периодот, од 12 април 2023 година па се до денес, искористувајќи ја својата позиција и своето влијание како лице задолжено за контрола на превозниците во град Битола, во два наврати индиректно барајќи пари, од пријавителот 41-годишен маж од Битола, кој е управител и сопственик на правно лице за вршење дејност такси превоз, побарал и примил поткуп во два наврати и со тоа сторил кривично дело “Примање поткуп“, предвидено и казниво по чл.357 ст.1 од КЗ.

Тој во текот на вчерашниот ден е лишен од слобода и изведен пред Јавен Обвинител.

More from ВестиMore posts in Вести »