Press "Enter" to skip to content

Расчистени две кражби во Битола, краделе во куќа и хотел, полицијата ги “фати“

 

Вчера во 17.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 33 и 35 години, двајцата од Битола.

Тие се сомничат дека извршиле тешка кражба во хотел во Битола, при што одзеле повеќе предмети. Кај нив биле пронајдени одземените предмети.

Исто така, вчера во 19.30 часот во Битола, од слобода бил лишен битолчанец на возраст од 23 години. Тој се сомничи дека околу 14.00 часот со употреба на сила влегол во куќа на ул.„Караорман“ во Битола, при што одзел повеќе предмети.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

More from ВестиMore posts in Вести »