Press "Enter" to skip to content

Стефани Најдановска одбојкарка вo Пелистер Волеј Битола: моите очекувања како капитен се високи, целта е враќање во првата лига (фото)

Текст и фото: Дамијана Ристевска

Нашиот портал пишува за нашите млади таленти од Битола од различна област, промовирајќи го нивниот талент, труд, успеси и награди. Овој пат талент од област спорт и разговор со младата одбојкарка Стефани Најденовска капитен на женска екипа ОК Пелистер Волеј, ученичка во СОЕУ “Јане Сандански“ Битола.

За себе… Кога започна да спортуваш?

-Спортувам од мојата 12та година, првиот пат кога се сретнав со одбојката беше кога мојата сестра започна да тренира па ме одведе со неа на тренинг да ја гледам и од самиот тој момент се заљубив во одбојката и знаев дека тоа е нешто што сакам да го правам и веднаш потоа започнав и јас да тренирам. Што те мотивира најповеќе?

-Главен мотиватор беше самиот спорт, неговата посебност, дружбата, започнувањето на нешто ново, натпреварувањето,достигнувањето нови лични нивоа и вештини.

Како се организираш со тренинзи и обврските на училиштето ?

-Ништо не е тешко доколку го организираш времето можеш да престигнеш се.

Твоја најголема подршка…

-Како моја најголема поддршка се моите родители како и моите две сестри. Тие се постојано со мене, ме бодрат, ми го покажуваат правиот пат, заедно ги анализираме грешките после натпревари и го извлекуваме најдоброто. Тие се оние кои што ме потсетуваат дека треба да работам напорно за да ги добијам работите кои што ги сакам.

Како ја гледаш твојата кариера понатаму?

-За тоа немам баш јасна слика, сеуште сум млада, но ќе продолжам да вложувам во себе, да тренирам посветено и секогаш да бидам спремна на нов предизвик, шанса или прилика за едно повисоко ниво.

Најавени се големи промени во екипата на Пелистер Волеј, се спојуваат дел од играчите од помалите категории со поискусните во еден, но од она што знаеме остануваат сите поискусни играчи кои повторно ќе се борат за највисок пласман… Како капитен кажи ни повеќе околу ова…

-Точно е тоа дека има прегрупирање, припремите ги одработуваме со дел од пионерската екипа и можам да кажам дека имаат голем потенцијал и од нив ќе имаме голема помош во предстојната сезона. Вистина е исто така дека поголемиот дел од екипата остануваме освен нашето либеро Андреа Стојановска која нема да биде повеќе во нашите редови и и посакуваме многу успех понатаму. А нашата техничарка Михаела Цветановска ја очекуваме што побрзо да ни се опорави и врати и повторно сите заедно да атакуваме на враќање во првата лига каде што и припаѓаме. Доста изненадувачки факт е што за првпат имаме толку високи девојчина од помалите категории кои се дури и 180 + цм. Така да очекувајте многу изненадувања од тоа што следи периодов.Дали постојат разочарувања од изминатата сезона во која Пелистер за малку, во последен момент, во фотофинишот не успеа да се врати во првата државна лига?

-Нормално е да постои разочарување, сепак бевме само на дофат да го оствариме она за кое сме работеле и сме се труделе цела измината година. Но, тоа е спортот, некој мора да победи некој да изгуби но едно се знае дека што и да е никогаш нетреба да се одкажиме од тоа што сме го зацртале.

 

Каков е начинот на работа во клубот, колкава е посветеноста на стручниот штаб и тренерите?

-Начинот на работење во клубот е на исклучиво високо ниво, никогаш не запираме, веруваме дека само со напорна работа и кога вистински го сакаш нештото можеш да го постигнеш и дека секогаш можеш да бидеш подобар од она што си. Тренерите имаат своја агенда, свој начин на работа,се дисциплинирани и крајно принципиелни што укажуваат сите успеси кои стојат зад нив.

Дали сте задоволни од припремите кои започнаа веднаш со завршувањето на сезоната и зошто не направивте пауза.

-Подготивките одат во најдобар тек, тешко е, исцрпувачки е вака кога е убаво времето и преднас предстои лето но тоа е една агенда една визија на нашите тренери кои веруваат дека само така можеме да одиме “левел“ погоре, а на нас останува само да сработиме и да ја следиме таа визија.

Дали можиме оваа сезона конечно да се израдуваме на шампионска титула вредна за влез во првата државна лига?

-Моите очекувања се високи, целта е нормално достигнувањето на титулата и експресно враќање во првата лига што можам да ветам дека ќе дадеме се што можиме за повторно Битола да има уште еден прволигаш следната сезона.

More from ВестиMore posts in Вести »