Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: акциска контрола во отпади – утврдени неправилности, расчистени две тешки кражби

На 12.06.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола,  во Битола, Ресен и Прилеп,  во содејство со инспектори од Државен инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Министерството за животна средина спроведоа акциска контрола во правни субјекти кои се занимаваат со откуп на секундарни суровини. При контролата, во Битола беа контролирани три отпади, при што во два од нив беа констатирани неправилности. По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 11.06.2023 во Битола, полициски службеници од Криминалистичката полиција при СВР Битола лиши од слобода две лица на возраст од 34 и 31 година, двајцата од Битола. Тие се сомничат дека вчера и завчера извршиле две тешки кражби во куќа во Битола и во објект во изградба во битолско Крклино, при што одзеле повеќе предмети.   Тие биле задржани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор. Одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветени пријави.

More from ВестиMore posts in Вести »