Некои навики тешко се менуваат во свеста на младите битолчани, ако се битолчани, посебно кога станува збор за чување, односно за оштетувањето на општествениот имот низ Битола, без разлика каде се наоѓа во центарот или во други населби.
И деновиве, а може слободно да се каже секојдневно сме сведоци на уништуваше, кршење на урбана опрема, автобуски стојалишта, а последно некој неодговорен повторно, по којзнае по кој, го уништи и новиот светлички симбол “Битола“ кој се наоѓа во паркот кај Сатот. Претходно на него беа излепени и плакати, за рекламирање на некој настан.
Оваа светлечка реклама “Битола“ поставена на 4 ноември 2020 година, а досега битолчани и другите намерници направија илјадници “селфи“ фотогафии, но на некој и тоа им пречи.

Фото вест: нема лек, по којзнае кој пат вандализам, искршен дел од “Битола“ кај Саатот
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер и официјално ја предаде титулата, висок пораз од Вардар
- ЈКП “Вододов“ Битола: прекин на водоснабдување на дел од “Лавчански пат“
- Во Битола облачно со повремен дожд, температурата до 18 степени
- Вечерва во Битола отворен првиот градски фестивал посветен на виното (фотогалерија)
- Амбасадорката на САД во Македонија, г-ѓа Никол Варнс по посета на УКЛО Битола





