Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: “цитроен“ и “векра“ во сообраќајка кај Могила – пет лица во болница, приведен дилер

На 12.06.2023 во 20.32 часот во СВР Битола било пријавено дека на стариот пат Ѓавато – Тополчани, кај село Могила, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило “цитроен“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 37 годишно лице од село Могила и патничко возило “опел вектра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 20 годишно лице од село Беранци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на “цитроенот“,  сопатникот на возраст 56 од село Могила, и две лица од Беранци на возраст од 32 и 21 година, двајцата од село Беранци, сопатници во возилото “опел вектра“, се здобиле се телесни повреди констатирани во болницата во Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 12.06.2023 во 18.00 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола  го лишиле од слобода 25 годишник од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две дробилки и други предмети со остатоци од марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »