Општина Битола, започна со работните активности за комплетна реконструкција на паркинг просторот кај спортската сала “Боро Чурлевски“. Проектот вклучува фаза реконструкција на атмосферска канализација, коловоз и електротехника, односно соодветно осветлување на просторот. За овој проект, општина Битола, издвои 18.301.800 денари.
Паралелно со отпочнувањето на работите на паркинг просторот започнаа и работните активности, во спортската сала, со цел нејзино прилагодување, согласно европските стандарди за ракометни натпревари со европски екипи на домашен терен во следното издание на Лигата на шампиони кое започнува оваа есен.
Работните активности во објектот на Спортската сала ги реализира Општина Битола во соработка со јавните претпријатија и приватните фирми, согласно склучените договори, а со активна вклученост на приватниот партнер кој е дел од РК Еурофарм Пелистер.

Спортската сала се подготвува за Лига на шампиони, нов паркинг и соблекувални
More from ВестиMore posts in Вести »
- Игор Трајковски – Фоја: секое мое доаѓање во Рим открива нов слој од градот, но и од самиот себе (фотогалерија)
- Силни умови, храбри гласови, здрава иднина, работилница во Медицинско
- Голема меѓународна акција на Интерпол, контроли и прегледи на 548 селектирани лица и 382 возила
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, темпрературата до 18 степени
- Пелистер само со бод се враќа од Струмица





