Press "Enter" to skip to content

Еден поинаков крај на учебната година во ОУ “Стив Наумов“ во Битола (фото)

Прекрасен ден, одличен настан, позитивна енергија … Најдобри ученици, среќни наставници, радосни родители … Драги ученици, имајте убав летен распуст! Вака го окарактеризираа денешниот настан од ОУ “Стив Наумов“ од Битола каде што се одржа свечена церемонија со која на посебен начин го одбележаа крајот на учебната година.На свечениот настан беа доделени благодарници на наставниците ментори и признанија на учениците за освоените исклучителни резултати на државните, меѓународните натпревари како и регионалните натпревари.-Со оваа манифестација што за првпат се организира во ОУ “Стив Наумов“ сакаме да го вреднуваме трудот кој наставниците го вложуваат во образованието на нашите ученици и нивната иднина. Се гордееме со секој успех и секое достигнување на нашите ученици, а за тие успеси голем придонес имаат наставниците. Овие успешни ученици се позитивен пример за нивните врсници, но и за генерациите што допрва доаѓаат, изјави директорот на училиштето Никола Пискачев.Ученичката Андреа Јосифовска е прогласена за првенец на генерација. А, награди и признанија за исклучителни резултати и успешно претставување на училиштето добија и учениците кои беа во потесен избор за првенец на генерација, учениците: Виктор Стојковски и Јана Дрогришка.Училиштето им додели и награди од спонзорите на учениците кои покажаа особен успех на државните натпревари. Вкупно 76 ученици добија признанија, благодарници за успешно претставување на училиштето на општинските и регионалните натпревари. Благодарници за успешно менторство беа доделени на сите наставници кои биле ангажирани како ментори на наградените ученици.Директорот Пискачев им порача на учениците:

-Ова е личен успех за вас, но и големо задоволство за вашите родители, затоа што децата се „огледало“ на родителите. Ова е успех и за вашите наставници и за нас како училиште. Да верувате во себе и никогаш да не ве демотивира фактот што сте млади. Знаењето, постигнатите резултати и желбата за учење никој не може да ви ја одземе.Организатори на настанот беа наставничките: м-р Марија Трифуновска Тасеска и Даниела Јовановска. Учесници во музички настапи: Сара Јошевска, Ведран и Кирјана Ѓероски учениците од 3 и 4 одделение со одделенските наставнички, хорот под менторство на наставничата Елизабета Груевска. А, техничка поддршка на настанот беше Пеце Ризвановски.

More from ВестиMore posts in Вести »