Press "Enter" to skip to content

Во Битола, одбележани 78 години од основањето на македонската адвокатура (фотогалерија)

Како и секога година и денес на 16 јуни, во Битола, со полагање на цвеќе пред бистите на Коле Канински и Јосиф Христовски – Ѕвончарот пред Апелациониот суд во Битола, битолските адвокати го одбележаа 16 јуни Денот на македонската адвокатура. За Денот на македонската адвокатура зборуваше адвокатпт Иван Рутевски – претседател на Адвокатската заедница од Битола, кој нагласи дека му е посебно мило што овој пат овој значаен ден го одбележуваат заедно и со Нотарската комора од каде имаат претставници и дека со нив ќе положи цвеќе е претседателот на Основниот суд во Битола, Драган Јаковлевски.-Традиционално уште од 1981 година па се до денес го чествуваме Денот на македонската адвокатура, најзначајниот ден за нас адвокатите, а денес славиме 78 години независна македонска адвокатура. Во далечната 1945 година по предлог одлука на тогашниот министер за правосудство Д-р Павел Шатев, е формирана Скопска адвокатска комора со надлежноста на федерална Македонија и оттогаш наваму функционираме како адв0кати, изјави Адвокат Иван Рутевски – претседател на Адвокатската заедница од Битола, кој додаде:-Битола е традиционален град на адвокатурата, уште од почетокот на формирањето на адвокатската комора уште во 1945 година биле запишани 30 тина адвокати, а од нив 10 биле од Битола. Во таа насока да и до денес тој тренд продолжува Битола да биде град на правото, град на адвокатурата и да дава значаен придонес во борбата за правната држава, а сега имаме 150 адвокати во Битола. Цвеќе на бистите кај Судовите во Битола положија делегации на Авдокатската комора на Битола, претставници на Нотарската комора и претседателот на Основниот суд во Битола, Драган Јаковлевски.Коле Канински и Јосиф Христовски – Ѕвончарот биле истакнати правници во времето пред Втората светска војна, а бистите се подарок од Адвокатската зааедница во Битола, за граѓаните на Битола. Адвокатската заедница Битола е прогласена за една од најактивните заедници во нашата држава во склоп на АКРМ и активно соработува со Адвокатската комора од Крагуејвац Р.Србија, каде што непосредно пред овој настан во посета на истата беа неколку адвокати претставници од нашата адвокатска заедница.