Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: затворен полигонот за полагање возачки испит кај спортската сала (фото)

Пред 10 години во мојот новинарски бележник, кој сега го прелистувам со црвено сум подвлекол еден настан, а тоа е дека по 30 и повеќе години битолчани за полагање на возачки испит ќе патуваат во околните градови, Прилеп, Ресен…, вест во која тогаш никој не веруваше, а беше затворен полигонот за полагање на практичниот дел од испитот за возачка дозвола, кај спортската сала “Младост“, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство. 

Битола остана без полигон за обука и полагање возачки испити по укажувањата на Секторот за управно-надзорни работи на МВР, кој и му стави “пломба“, а причини беа наведени неисполнувањето на соодветните сообраќајно-технички услови и стандарди, односно дека полигонот беше доста оштетен. Потоа беше добиено решение и полигонот затворен, што предивика бурни реакции кај битолчани.За затворањето беа споменувани и други субјективни причини и дури и тоа дека полигонот бил дива градба, без соодветна техничка документација за работа.

-По затворањето околу 1.500 битолчани годишно полагаа во други полигони за обука, а потоа имаше обид да се направи полигон кај село Поешево, а проблемот беше решен дури по шест години кога беше изграден новиот полигон во Битола, кај Горно Оризари, со што официјално по пауза од шест години, битолчани започнаа да полагаат на домашен терен, во 2018 година на 31 декември, вели Димче Миновски.

More from ВестиMore posts in Вести »