Press "Enter" to skip to content

Само вчера, за 6 часа, 161 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

 

Вчера 18. јуни, 2023 година, во периодот од 15 до 21 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 161 возачи.

Од вкупно 161 возачи, 122 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 39 надвор од населено место.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
More from ВестиMore posts in Вести »