Press "Enter" to skip to content

Симеон Христов прво засилување под Тумбекафе, по втор пат е во Битола

Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола денес го претстави првото големо засилување, тоа е напаѓачот Симеон Христов кој доаѓа од фудбалсккот клуб Гостивар од Гостивар, а ќе игра во нападот на левата крилна позиција.

-Благодарност до управата и до тренерот за довербата да бидам дел од тимот и се надевам дека сите заедно ќе успееме во зацртаната цел за влез во првата лига. Ова е мое второ доаѓање во Битола и имам прекрасни спомени од тука. Ова е фудбалски град со голема традиција и навивачи кој заслужува место во најквалитетното фудбалски друштво, истакна Симеон Христов, на денешното потпишување на договорот.

Искусниот напаѓач има настапувано за Вардар, Работнички, Македонија ЃП, Тиквеш а пред 10 години ги бранеше и боите на ФК Пелистер. Христов беше дел од унгарските Васас и Егри на почетокот на кариерата, одигра една сезона во Јужен Мјанмар и во албанска Влазнија. 

More from ВестиMore posts in Вести »