Press "Enter" to skip to content

Денес на најдолгиот ден во годината, започнува летото во 16 часот и 57 минути

Денес календарски започнува летото, а денот кога има летната долгоденица, најдолгиот ден во годината. Летото почнува денес во 16 часот и 57 минути, а ќе трае до 23 септември.  Сонцето го прави својот најголем лак над хоризонтот. Изгрева на североисток, на југ ја достигнува најголемата дневна висина, а заоѓа на северозапад.

Почетокот на летото е кога Сонцето ќе ја достигне највисоката точка, а првиот ден од летото е често ден со најмногу сончева светлина бидејќи сончевите зраци ја погодуваат земјата под директен агол.

Кај нас, денес, Сонцето изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денот ќе трае 15 часа и 14 минути.

Во исто време на  Јужната хемисфера почнува зимата.

More from ВестиMore posts in Вести »