-Просторот кој има потенцијал за одржување на културни и уметнички настани да го зачуваме чист и да ја подигнеме свеста за рециклирањето.
Волонтерската акција „И тумбе и кафе и сцена за градот“, се одржа на 27 јуни 2023, на Летната сцена на „Тумбе кафе“ ‒ Битола. Акцијата вклучуваше симулирана потрага по отпад којшто волонтерите на Локалниот волонтерски сервис ‒ Битола го искористија за уметнички да се изразат и да ја рециклираат пластиката преку креирање скулптури од отпад.
Потребата да се реализира оваа волонтерска акција е да се врати сјајот на летната сцена на Тумбе кафе и да се одржуваат повеќе културни и уметнички настани на истата, желбата на младите да се изразуваат преку алтернативна уметност и повик до битолчани да го зачуваат своето Тумбе кафе, чисто и функционално. Битола како град на културата треба да има чист и одржан простор за реализација на многубројните културни настани што се случуваат секојдневно во градот.
Преку волонтерските активности и кампањата за промоција на волонтирањето сакаме да направиме промена во генералниот однос и перцепциите на младите во однос на волонтирањето, зајакнување на нивното знаење за придобивки од волонтирањето и учеството на младите во развојот на локалната заедница.
Проектот „Локален волонтерски сервис Битола“ на Младински културен центар – Битола во партнерство со СФЕРА Интершенал се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот „Локален волонтерски сервис“ е кофинансиран од Општина Битола.

“И тумбе и кафе и сцена за градот“ – волонтерска акција (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Промовирана книгата “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола (фотогалерија)
- „Сите бои на сеќавањето“ ја обединува празничната програма за 4 Ноември во Битола
- СВР Битола: битолчанец платил пари за дограма – не ја добил, девет лица се тепале со тврди предмети и се повредувале
- АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење
- Бојана Скендеровски со музика, емоции и љубов кон Македонија ја освои битолската публика: “Песната е моето оружје“





