Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: две приведувања за поседувања нож и пиштол, повреден велосипедист, тепачка на “Солунска“

На 29.06.2023 полициски службеници од полициската станица Битола од ул. „8-ми Септември привеле 20 од Битола затоа што кај него бил пронајден и одземен
нож. По документирање на случајот против истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 29.06.2023 во 16.34 часот било пријавено дека во Битола на ул. „Партизанска“ патничко моторно возило „застава југо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 45 годишник од Битола удрило во велосипед управуван од 34 годишно лице од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничката болница Битола.

На 30.06.2023 од полициски службеници од полициската станица Битола од ул. „Новачки Пат“ во Битола бил лишен од слобода 42 годишник од Битола затоа што кај него била пронајден и одземен пиштол калибар 4.5 мм. за кој што немал соодветна дозвола. По документирање на случајот против истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 29.06.2023 во 15.05 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул “Солунска“
во Битола, настанала физичка пресметка помеѓу две лица на возраст од 35 и 45 години 35 години двајцата од Битола. При тоа едното лице употребило и остар предмет, а другото употребил метален предмет. За настанот е известен јавен обвинител. СВР Битола во координација со обвинителството презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »