Press "Enter" to skip to content

Борјан Пановски засилување на бековската позиција во Пелистер од Битола

Фудбалскиот клуб Пелистер продолжи со намерата да се засили на сите позиции се со цел во новата фудбалска сезона од Втората фудбалска лига да се врати во Првата фудбалска лига на Македонија.

Денес, битолскиот второлигаш го објави најновото засолување кои битолчани ќе го гледаат на стадионот под Тумбекафе во Битола, а тоа Борјан Пановски, кој го засили Пелистер на позицијата десен бек, на една година.

-Чест ми е да настапувам за ваков клуб како што е ФК Пелистер и сметам дека заеднички ќе ја оствариме зацртаната цел а тоа е ПМФЛ, рече Пановски по потпишувањето на договорот во Битола, кој попладнево го одработи и првиот тренинг со екипата.

Борјан Пановски има 22 години, а освен десен бек, а може да игра и како крило, но и на левата бековска позиција. Пановски доаѓа од редовите на Гостивар, чиј член беше сезона и половина, а потекнува од школата на Работнички. Има настапувано за Работнички, Охрид и Тетекс.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »