Синдикалната организација на АД ЕСМ ги започна подготовките за организација на работничките игри на вработените во Државните електрани кои годинава ќе се одржат од 5 до 8 септември во хотелот “Десарет“. Според синдикалниот лидер, Јове Смилевски, на игрите учество ќе земат вработени од секоја подружница на АД ЕСМ.
-АД ЕСМ е компанија со над 5.000 вработени и традиционално, секоја година во септември се одржуваат Синдикални работнички игри. Тоа е можност за колегите од сите подружници на компанијата да другаруваат надвор од работните места и да се натпреваруваат во различни спортски дисциплини. После огромните напори кои изминатата година ги вложија вработените во АД ЕСМ за државата успешно и без еден ден рестрикции да се справи со енергетската криза, сметам дека Синдикалните работнички игри добро ќе им дојдат на работниците за малку да се опуштат и подготват за новите предизвици што доаѓаат, вели Смилевски.
Синдикалните работнички игри ќе се одржат со поддршка на Управниот одбор на АД ЕСМ. Тоа е уште еден показател дека синдикалното организирање и дејствување се една од суштинските алки во институционалното, но и во севкупното почитување и остварување на социјалните и работнички права на вработените во Државните електрани.
-Како за сите прашања во рамките на компанијата, така и за организацијата на Синдикалните работнички игри, тесно соработуваме со Управниот одбор и со генералниот директор, Васко Стефанов. Заеднички беше ставот дека оваа убава традиција годинава има услови да се реализара. Синдикалната организација на АД ЕСМ ќе направи се за и овој пат работниците да уживаат и да се дружат, додава Смилевски.
Синдикалните работнички игри на АД ЕСМ ќе се одржат по две години пауза заради ковид пандемијата и една година заради кризата во енергетскиот сектор.

По две години пауза работнички игри на вработените во Државните електрани
More from ВестиMore posts in Вести »
- Промовирана книгата “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола (фотогалерија)
- „Сите бои на сеќавањето“ ја обединува празничната програма за 4 Ноември во Битола
- СВР Битола: битолчанец платил пари за дограма – не ја добил, девет лица се тепале со тврди предмети и се повредувале
- АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење
- Бојана Скендеровски со музика, емоции и љубов кон Македонија ја освои битолската публика: “Песната е моето оружје“





