Press "Enter" to skip to content

(Не)официјално примопредавање на функцијата спортски директор на Еурофарм Пелистер од Битола (фото)

За време на прозивката и работниот состанок во салата “Боро Чурлевски“ во Битола на ракометарите им се обратија поранешниот и сегашниот спортски директор на Еурофарм Пелистер од Битола.

Стариот спортски директор Димитар Митревски, кој дојде да им посака успешна сезона на дклубот, емотивно обраќајќи им се на ракометарите, рече:-Денес само го потврдувам она што го прочитавме и сега и лично ви го соопштувам, се повлеков од функцијата спортски директор на клубот, како велите вие спортистите, спортски покакувајќи ви многу спортска среќа и многу успеси. Ви се заблагодарувам за убавите и радосни моменти кои ги имав заедно со Вас, а на Управата за довербата која му беше дадена. Имав некои моменти и кога не се согласувавме, но се во интерес на клубот, и се извинувам на некој ако сум погрешил. Останувам верен фан на Еурофарм Пелистер, и ќе бидам со вас на секој натпревар, се секако ќе се радуваме заедно на идни успеси.

Новиот спорстки директор Бранислав Ангелевски, македонската ракометна легенда, кој ќе раководи со спортскиот дел од клубот на денешниот работен состанок рече:-Чест, задоволство и огромна одговорност е да се биде дел од овој наш познат македонски бренд. Се соочуваме со историски момент за нашиот клуб. За првпат играме во овој формат во Лигата на шампионите, кој е квалитетен како никогаш досега.  Сигурно дека во тимот ќе дојдат уште неколку засилувања. Не сакаме да брзаме, бидејќи приоритет ни е квалитетот, а не бројноста. Не сакаме да дојдеме во ситуација во која ќе имаме повеќе бројност отколку квалитет, затоа што во овој тим има вистински шампиони, кои веќе го покажаа тоа неколку пати, и никако не сакаме да го успориме нивниот развој.

More from ВестиMore posts in Вести »