На 20.07.2023 на ул. „Караорман“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола лишиле од слобода 22 годишно лице од Битола. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од шест години и три месеци за сторени кривични дела по член 238, 242, 236 и 396 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено-поправнат установа Затвор Прилеп за издржување на казната. Инаку, при лишувањето тој физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија за што ќе му биде поднесена соодветна пријава.
На 20.07.2023 на ул. “8“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 25 и 3 година двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив, биле пронајдени и одземени марихуана, амфатемин, вага како и други предмети. По документурање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.