Press "Enter" to skip to content

Зоран Талевски, директор на “Нискоградба“: нова машина за чистење и одзатнување, електронска достава на сметките и подигање градежен шут (фото)

Во дворот на Општина Битола, прес конференција одржа директорот на ЈКП “Нискоградба“ од Битола,  Зоран Талевски, на која зборуваше за новините во работењето на ова јавно комунално претријатие, при што рече:

-Денес сме тука со цел да ве известам за неколку активности кои КЈП Нискоградба Битола  ги реализира во последниов период.  Како прво, би изразил благодарност  до  советниците кои гласаа за одобрување на донација во износ од 450.000,00 денари ,овие средства ги обезбеди ОПШТИНА БИТОЛА за набавка на машина за чистење и одзатнување на канализациони приклучоци во колективни и индивидулни  станбени згради и чистење на приклучоци на сливници. Машината е набавена преку системот за јавни набавки.  Станбените сервиси или граѓаните кои имаат ваков проблем можат да добијат услуга од овој вид по претходно доставено   барање во “Нискоградба“ во Битола. Уште еднаш сакаме да истакнеме дека ова јавно претпријатие е во служба на нашите сограѓани и да излеземе  во пресрет на решавање на проблемите од овој вид. За надоградувањето на платфрормата за електронски сметки за канализација, директорот на ЈКП “Нискоградба“ Битола Зоран Талевски рече:

-Друг вид на новина во ова јавно претпријатие за што би сакал да ги известам граѓаните на нашата општина е поставеното прашање на нашата платформа за електронска наплатата на сметките за канализација. Поставеното прашање е дали корисникот на нашите услуги е согласен во иднина да добива месечни сметки за канализација во електронска форма наместо како до сега во хартиена форма. Како јавно претпријатие се трудиме да сме во чекор со новите трендови при достава на сметките за нашите услуги. Бенефитот од оваа новина е обостран , јавното претпријатие ќе има пониски трошоци,  ќе има сегмент од еколошка гледна точка а и граѓаните навреме и на нај едноставен начин ќе ги добиваат месечните сметки за овој вид на услуга, а се осврна и за одлагање на градежен шут, додаде:-Како трето и многу важно за нашиот град и граѓаните на општина Битола е информацијата за одлагање на градежен шут. Во летниот период, најчесто градежната сезона е во ек, многу домаќинства и останати правни субјекти пристапуваат кон реновирање на објектите во кои живеат или стопанисуваат при  што се ослободува градежен шут. Знаеме дека овој градежен шут најчесто завршува во диви депониии од страна на не лиценцирани превозници или од страна на сопствениците се врши одлагање  на несоодветни места. КЈП Нискоградба Битола со трактор или друга расположива механизација по претходно доставено барање врши подигање,транспорт и одлагање на градежен шут на место кое е наменето за оваа цел. Како информација до граѓаните, подигнување до 2метри кубни градежен шут кошта 1.000,00 денари. КЈП Нискоградба Битола ќе продолжи посветено да работи и да испорачува квалитетни и навремени услуги  за граѓаните и општина Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »