Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 30 степени

Денес, петок, 28 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност попладне и со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Температурата во Битола до 30 степени.  UV=9.

Утре, сабота, 29 јули, во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 30 степени. UV=9.