Press "Enter" to skip to content

Новиот голмам Гедбан за првите импресии од Битола: тука сум како дома, новата сезона предизвик за сите

По првата и најтешка фаза на подготовки во Маврово ракометарите на Еурофарм Пелистер се во Битола, каде ги одработуваат тренинзите под раководство на Александар Јовиќ и Звонко Шундовски. Уште во Маврово на тимот му се приклучи и новото засилувањем голманот Калифа Гедбан, кој за првите импресии во Битола вели:

-Многу сум среќен што се вратив во Македонија, овојпат во друг клуб, во Еурофарм Пелистер. Навистина сум среќен. Мислам дека имаме добар тим, мора да се бориме за домашната титула, а ќе играме и во Лигата на шампионите. Нема да биде лесна сезона, но мора да се бориме за секој натпревар.  Битола е убав град, веќе го запознав. Го посетив градот 3-4 пати претходно, а сега ќе живеам тука. Ми се допаѓа градот, луѓето исто така и не се чувствувам како странец, туку како да сум дома. Лигата на шампионите е најважното натпреварување во светот на ракометот.  За Еурофарм Пелистер многу е важно што ќе учестува оваа сезона. Ќе биде интересен и голем предизвик за сите нас.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »