Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: расчистена тешка кражба на дрзок начин во Битола, следува соодветна пријава

На 05.08.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола лишиле од слобода 43 годишно лице од Битола, а на службен разговор го повикале неговиот малолетен син.

Имено, околу 09.20 часот на ул. “Мирка Гинова“ во Битола малолетникот со употреба на сила одзел паричник од 70 годишно лице од Битола, а тој се сомничи дека го поттикнал да го изврши делото.

Набргу, по преземени мерки тие биле пронајдени и со нив бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на претставници од Центарот за социјални работи Битола.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »