Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени две лица – одземени 31 илјади евра, контрола на диви таксисти, 73 санкции за брзо возење

Вчера, криминалистичката полиција на СВР Битола  во рамките на  “Безбедно Лето 2023“ во Битола, лишила од слобода две лица кои се затекнати во вршење на  “Недозволена трговија, предвидено според чл. 277 од КЗ, односно купопродажба на странски парични средства, без овластување издадено од Народна Банка на РСМ, како и спротивно на одредбите од чл. 55 од Законот за девизно работење, односно “Неовластено продавање или купување готовински странски платежни средства и чекови“.

Криминалистичката полиција на СВР Битола изврши контрола  на патнички моторни возила кои вршат превоз на патници без поседување на лиценца на подрачјето на град Битола, при што беше извршена  контрола на повеќе локации  во Битола и притоа беа затекнати 6 патнички моторни возила кои вршат превоз на патници, а притоа истите не поседуваа лиценца за вршење на внатрешен јавен сообраќај. По документирање на настаните против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 73 возачи . Од вкупно 73 возачи, 50 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 23 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

More from ВестиMore posts in Вести »