Press "Enter" to skip to content

Мајка шверцовала ќерка во багажник на “Меџитлија“, приведен крадец, приведување за марихуана и агресивно однесување

Вчера на влез во Македонија, на граничниот премин со Грција во Битола, се пријави државјанка на Јужноафриканска Република со иницијали Ц.Л.Р. (57), како возач на изнајмениот автомобил. На прашање на царинскиот службеник дали има да пријави нешто за царинска контрола, лицето одговори нема ништо да пријави. Царинскиот службеник се посомнева во изјавата и реши да изврши физичка контрола на возилото, при што во багажниот простор на возилото пронајде непријавено лице. Со проверка на патната исправа се утврди дека се работи за државјанка на Јужноафриканска Република со иницијали Ц.Д.Ј. (23), соопшти Царинската управа. За случајот е известена полициската станица на ГП Меџитлија и случајот е предаден во нивна надлежност за натамошно постапување.

Денеска (10.08.2023) од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола извршен е претрес на ул. “Ваташа“ во Битола во дом и простории кои ги користи 41 годишник од Битола, при што пронајдени се предмети кои биле одземени при извршено кривично дело тешка кражба. Лицето е лишено од слобода ,а пронајдените предмети се вратени на сопственикот. По документирање на случајот, противлицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 10.08.2023 во објект за игри на среќа на ул. „Димитар Илиевски Мурато“ во Битола,
полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Битола лишиле
од слобода 31 годишно лице од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана и го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. По документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

More from ВестиMore posts in Вести »