-Пред 10 години, во август 2013 година во адвокатската канцеларија “Гавинче“ која се наоѓа кај Безистенот во Битола, како пријател на мојот голем пријател, адвокатот Сотир Главинче, беше гостин познатиот адокатот Тома Фила, започна со своите сеќавања за настаните пред 10 години, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
-Сотир ми беше голем пријател и не повика да ја регистриме оваа посета во неговата канцеларија, а фотографиите ги направи Сашо Ристевски. Адвокатот Тома Фила имаше средба со три генерации адвокати од ова семејство, со Сотир Главинче, неговиот син Емил и неговиот внук Никола, а со тоа уште еднаш се потврди големото пријателство на ова помеѓу двете семејства, вели Миновски.Покрај со нив Тома Фила имаше средба и со Владо Камбовски поранешен Сојузен министер за правда и со Владимир Хаџи Јовановски – Беби, со кои имаше интересни разговори.
Тома Фила има битолско потекло и се уште одржува врски со Битола на разни начини и форми, а еден од нив е стипендијата која ја доделува секоја година на еден студент од Правниот факултет од Битола.