Press "Enter" to skip to content

Успешно завршен 11. по ред  фестивал “300 работи, триста“ во Битола (фото)

-11. издание на фестивалот “300 Работи, Триста“ во Битола помина во одлична атмосфера, бариерите помеѓу публиката и уметниците срушени. На настаните се воспостави комуникација помеѓу дебитантите млади уметници, истакнатите уметници и широката публика.  

-Фестивалот започна во 2013 година во Битола, со главна идеја на организаторот Игор Трајковски – Фоја промовирање свежа уметност, пронаоѓање нови автори од нашата околина и светот и задржување на еден естетски критериум на современи вредности, а тоа е постојано уривање на границата публика и изведувачи.

Официјалното отварање на 11 по ред Фестивал “300 работи, триста“ беше на 10 август во 20 часот со успешна битолска премиера на филмот “Некрстени денови“ (Ballad of Piargy, 2022), дело на макдеонскиот познат и признат режисер Иво Трајков, во исполнето кино Манаки. Во следните 2 дена следеа голем број настани кои ги следаше публиката.

На 11 август во Офицерскиот Дом со почеток од 20:00 часот во полна сала со 120 посетители беше промовирана Книгата  – „Прирачник за сценаристот: Водич на писателот за сценарио за документарни и играни филмови“ на Игор Трајковски Фоја, од рецензентите Иво Трајкв, Томаш Петрањ, Антонио Митриќески, и  Сашо Кокаланов. Промотер на книгата беше нашиот познат и признат глумец Марјан Георгиевски. Покрај промоцијата на оваа дело, беше отворена и ликовната изложба – ЛИМИНАЛ, од младата и преспективна авторка, Јана Танчевска. Овој настан музички беше збогатен со изведби на класична музика од Николче Петкоски.На 12 август со проекција на  краткометражниот игран филм „Синиот час” на Ана Јакимска во 20.00 часот, во просторот пред Радост, беше третиот воедно и последен ден од ова издание. Покрај филмот беше промовирана и книгата – „Колегиумски записник 010“, збирка на литературни дела, фотографии, дизајни и цртежи. Овој зборник е продолжение на низата „Колегиумски записници и тоа: 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8 и 9. Целиот настан беше музички пропратен со настап во живо на “Box Beater“.Игор Трајковски Фоја органзиатор на Фестивалот “300 Работи, Триста“, изјави:-Досега, фестивалот ја имаше честа да прими повеќе од 180 уметници од различни делови на светот, меѓу кои и Р. Србија, Албанија, Франција, Италија, Грција, Шпанија, Чешка, Словачка, Естонија, Финска, Индија, Р. Кина, САД, Канада и други. Во досегашните изданија, фестивалот кој е единстен од овој вид во Битола, се менуваше во зависност од идеите, реакцијата на публиката и околностите во кои што се одвивал.  Овогодинешното издание 11 по ред фестивал ги оправда иочекувањата на комзументите со богата програма која се реализраше 3 дена на различни локации и помина во одлична атмосфера.

Жанета Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »