Во организација на Здружение за македонско руско пријателство “Александар Аркадијевич Ростковски“ се одржуваат јубилејните 10-ти по ред “Денови на Ростковски“, по повод 120-годишнина од смртта на рускиот императорски конзул Александар Аркадиевич Ростковски (1860-1903).
Манифестацијата започна со полагање на цвеќе на споменикот “Руски крст“ во градскиот парк во Битола, каде што на присутните се обратија Пеце Гаштаров, професор Александар Стерјовски и Н.Е. амбасадорот на Руската Федерација г-дин Сергеј Баздникин.
Aктивностите продолжија во Буковскиот манастир, кој што бил летна резиденција на Конзулот Ростковски, каде проф. Драги Анастасовски одржа пригоден говор пред плочата посветена на конзулот Ростковски, а потоа се одржа панихида во чест на конзулот Ростковски. Делегацијата на амбасадата на Руската Федерација ја посети и просторијата посветена на конзулот Ростковски која се наоѓа во склоп на манастирот.

Одржувани јубилејните 10. по ред “Денови на Ростковски“ во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Промовирана книгата “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола (фотогалерија)
- „Сите бои на сеќавањето“ ја обединува празничната програма за 4 Ноември во Битола
- СВР Битола: битолчанец платил пари за дограма – не ја добил, девет лица се тепале со тврди предмети и се повредувале
- АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење
- Бојана Скендеровски со музика, емоции и љубов кон Македонија ја освои битолската публика: “Песната е моето оружје“





