Денес во РЕК “Битола“ на одбележувањето на Денот на рударите во РЕК Битола, генералниот директор на АД ЕСМ Васко Стефанов и претседателот на синдикалната организација Јове Смилевски потпишаа Спогодба за измена на Колективниот договор.
Оваа измена на Колективниот договор беше неминовна, а со примена на измената платите на вработените им се зголемуваат за 15 отсто, почнувајќи од септемвриската плата.
Инаку, како што информираа двајцата потписници Спогодбата е потпишана по неколку месечни интензивни преговори помеѓу Управниот одбор на АД ЕСМ и Синдикатот на АД ЕСМ.
Преговорите траеле неколку месеци и деновиве барањата беа усогласени со финансиските можности на компанијата, рече финанскиот директор на ЕСМ.

Вработените во АД ЕСМ ќе добијат 15% повисоки плати, во РЕК “Битола“ потшишан договор за измена на Колективниот договор (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- Општина Новаци: патот до Мариовското село Будимирци е оспособен!
- “Зелена еко училница“ на земјоделското училиште од Битола
- Фотографијата како начин да се коментира светот: Кинематограферите Арамбашиќ, Драгичи, Лијанг и Кеир денеска на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Обвинителството со детали за сообраќајката кога загина 17 годишна девојка од Битола





