-Со концерт пред повеќе од две и пол илјадната публика во Хераклеја кај Битола, на рок групата “Мадригали“ и балканската рок звезда Дадо Топиќ беше затворен Битфест 2013, започна со своите сеќавања Димче Миновски – хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Многубројната публика уживаше, играше и пееше во прошетката низ времето.
Битолчани се забавуваа со легендарните хитови на групата “Мадригали“ како “Македонски рок“, “Зошто човек сум мал“, “Здраво млади“, “Моја Битола“, “Плати една дупла и мрш да те нема“.
Групата “Мадригали“ одбележувајќи 40 години од своето основање потсети на големите рок хитови на македонската музичка сцена од седумдесетите години.
Балканската рок звезда Дадо Топиќ ја изрази својата голема љубов и почит кон македонската публика, пеејќи ги заедно со неа големите хитови “Македонија“, “Елизабет“, “Дали знаш да те волим“.
Дел од песните што битолската публика имаше можност да ги слушне беа со потполно нов аражман, а на публиката на Битфест имаше причика да слуша одлична свирка.

Деновиве пред 10 години: концерт на “Мадригали“ и Дадо Топиќ во Битола, во Хераклеја (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола се одржа Економски форум посветен на развојот на извозот (фотогалерија)
- Прес-конференција на градоначалникот Коњановски: од транформаторот до булеварскиот влез
- Отворена изложба на вредната уметничка колекција во Ректоратот на УКЛО Битола (фотогалерија)
- Полскиот амбасадор во прва официјална посета на Битола
- АК Олимп Битола со нови победи и подиуми во Скопје и Штип










