Фудбалерите, управата и поддржувачите на фудбалскиот клуб Јени Маале од истпимената населба во Битола деновиве ги отвори своите клупски канцеларии, лоцирани на ул. “Блаже Рогозинарот“, во непосредна близина на Сали мостот во Битола.Идејата за отворањето на оваа клубска канцеларија првенствено беше на капитенот Никола Пискачев, но истата наиде на одобрување и на останатите членови на клубот, а тој заедно со највозрасниот фудбалер Васко Наумовски симболични ја пресекоа црвената лента, а потоа сите заедно наздравија со шампањ.Она што мора да биде забележано е податокот дека канцеларијата ја уредија членови на Јени Маале кои изминативе два месеца напорно работеа во насока на добивање на финалниот изглед на истата. Дополнително, за полесна реализација на идејата помогнаа и голем број на спонзори кои се дел од приказната наречена Јени Маале подолг временски период.Покрај големиот број на гости на отворањето на клупските канцеларии, присутен на самиот настан беше и Митко Стојковски – легендата на битолскиот и македонски фудбал, кој е дел и од историјата на Јени Маале изминативе 15 години.-Можеби и не е некоја вест кога ќе се спомене отворање на клупски простории, но секако дека е вест и дека има посебна тежина ако се знае дека станува збор за клуб кој што е маалски, клуб кој што во изминатиов период со неговото егзистирање дефинира одредени стандарди кои колку и да звучи нескромно, ги немаат и многу поголеми клубови со подолга традиција и историја, рече на отворањето капитенот Никола Пискачев.-Клупските простории треба да овозможат идна полесна комуникација на членовите на клубот, како и да бидат место каде што ќе се планираат идните активности на овај мал спортски колектив од Битола. Многу е важно да се каже дека кога се сака и кога кон некоја работа (идеја и иницијатива) искрено се пристапува, успехот и реализацијата неминовно ќе дојдат како краен резултат, истакна Петар Ристевски.Токму во овие неколку реченици, кои ги искажаа членовите на клубоот е содржана енергијата која Јени Маале го прави малку поразличен клуб од сите останати, и порачаа:-До некои нови идеи, спортски поздрав од членовите на Јени Маале.
С.Ристевски