Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: со камион на “Дулие“ повредена 72 годишна жена пешак, повреден мороциклист во Кравари и приведување

На 20.09.2023 во 10.29 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул. „8 Септември“, ул. „Филип Втори Македонски“, ул.„Прилепска“, ул.„Македонски Гемиџии“ и ул. „Новачки пат“ во Битола, товарно возило „ман“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 63 годишен возач од село Ношпал, општина Могила, удрило во пешакот на возраст од 72 од Битола. Притоа, печакот се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 20.09.2023 во 20.22 часот во СВР Битола било пријавено дека во село Кравари, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 45 годишник од Битола и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 26 жител на село Кравари, кој потоа удрил во паркирано возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на друго лице од с.Кравари. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 20.09.2023 во Битола, полициски службеници од СВР Битола го привеле 31 годишното  лице од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.