Press "Enter" to skip to content

Пожарникарите од Битола за 48 часа заштитиле и спасиле 11 населени места, некаде биле навредувани и попречувани, а некаде имале помош од мештаните

Против пожарната единица од Битола на 22 и 23 септември со сите свои расположливи средства и човечки ресурси, со вкупно 10 возила и 40 пожарникари, од кои некои пожарникари биле непрекинато на терен повеќе од 24 до 32 часа, успеа да се справи со неколку пожари на отворен простор од поголеми размери при тоа заштитувајки и спасувајќи 11 населени места и повеќе од 6 манастири и 5 цркви без направена материјална штета.Пожарникарите од Битола на 22 септември се справиле со пожарите кај Вашарејца-Лознани-Ивањевци, при што го заштитиле целосно село Лознани, спречено проширување кон соседни села, заштитен манастирот пред селото Лознани, како и манастирот помеѓу Лознани и Новоселани, а со тоа било пречено проширување кон Ивањевци.  За обележување е и тоа што пожарникарите при делувањето на овој пожар биле навредувани и попречувани во извршување на своите задачи.Исто деливале и кај Дедебалци-Црничани- Арматуш, но таму им била укажана поддршка и помош на жителите на село Арматуш. Делувале и кај Маково -Рапеш.На 23 септември гаснеле пожар кај Лознани-Новоселани-Ивањевци, а голема битка пожарникарите водеа со пламените јазици кои од сите страни се закануваја на населеното место Новоселани. На потегот Дедебалци-Црничани-Путурус-Мојно-Мусинци пожарникарите се “бореле“ со пламените јазици во населено место Путурус каде од сите четири страни огнот навлезе во селото и ветрот кој од минута во минута имал променлив правец се закануваше кон секоја ќука. ТППЕ Битола со 5 екипи беше во селото и секој обид на пламените јазици да зафатат објект беше спречен.Голема благодарност во оваа интервенција пожарникарите изразуваат до мештаните на Путурус, Мусинци, Мојно кои помагаа во линијата за спречување огнот да стигни до селата Мојно и Мусинци, како и до ЈКП Водовод кое со својата цистерна вршеше дотур на вода на возилата на ТППЕ Битола каде и да имаше потреба.

Фотографии: Тппе Битола