Ликовното изразување преку формата мурал, повторно во Битола го прикажаа нашите две уметнички од Битола, Ленче К. Јагоридовска и Дијана Колонџоска. Муралот се наоѓа пред самиот влез на ОУ “Елпида Караманди“ во Битола, како естетски брош светна дворот во ова училиште.
-Елпида Караманди како народен херој на Југославија е прогласена на 11 октомври 1951 година. Нејзината смрт е опеана во познатата народна песна “Таму ле, мајко, близу Битола“, напишана од Ајри Демировски. Инспирирани од нејзината храброст и желба за слобода,да таа учествува во НОБ, како смела девојка е доволен мотив за инспирација за траен уметнички белег, никогаш да не заборават хероите од тоа време, велат авторките на муралот.

Фото вест: мурал посветен на Елпида Караманди на ѕидот во училиштето во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Претседателката Сиљановска-Давкова на средба со Советот за женско претприемништво
- Добрата соработка со кинематограферот секогаш дава чудесни резултати: Лауреатите на 47.ИФФК „Браќа Манаки“ за работата за филм
- Во “Pionerski Book Bar“ организиран коктелот, средба и дружење, на “А1 Македонија“ спонзор на фестивалот “Браќа Манаки“ (фото)
- Фудбалерите на Пелистер го победија Охрид како домаќини во Новаци, сега се првопласирани





