Press "Enter" to skip to content

УКЛО Битола домаќин на настан од COST акцијата од ЕУ -DOPMADE (фотогалерија)

Денеска, во Ректоратот на УКЛО се оджа состанок на работните групи од  COST акцијата на ЕУ ,,Dynamics of placemaking and digitization in Europe`s cities”-DOPMADE“.Изјава за состаноците на оваа COST акција даде ректорот, проф. д-р Игор Неделковски, пред почетокот на настанот.Тој истакна дека COST акцијата обединува 15 експерти за урбан развој за создавање на јавни простори, кои во наредните два дена ќе дебатираат со битолски авторитети. УКЛО на овој начин ги обедини познавачите од повеќе сектори и ќе даде придонес во изработката на ГУП – Битола. Во текот на двата работни дена, 29.09 и 30.09.2023 година, состаноците од акциите COST ќе се одржуваат во Ректоратот и на ФИКТ, на што им претходеа средби во Белград и Скопје.Заменик претседателот на COST, Пека Туоминен,учесник на настанот истакна: „Ова е моја прва посета на Битола, малку го разгледав градот, изгледа многу живо, убаво место. Денеска ќе ја започнеме програмата на нашата COST акција со различни предавања, презентации. Со нас имаме урбанистички експерти од Битола, имаме исто така и меѓународни истражувачи од различни делвои на Европа, експерти во различни дисциплини, како архитекти, социолози, дигитални инженери. Јас сум од областа на социјалната култура – антроплогијата. Ја имам проучувано урбаната трансформација во Истанбул, а моментално работам на Универзитетот во мојот роден град Хелсинки.  Целта на оваа програма, COST акција, е да се инцираат и да се поттикнат нови соработки, нови настани, да се креираат нови содржини. Благодарни сме што ректорот Неделковски не покани тука, да видиме што се случува во Битола на полето на урбаниот развој и што во иднина можеме да направиме со заеднички истражувачки проекти за Битола. COST Action е интердисциплинарна истражувачка мрежа која обединува истражувачи и иноватори. Акциите на COST покрај истражувачи од академската заедница вклучуваат и претставници од јавни институции и други релевантни организации или заинтересирани страни.

More from ВестиMore posts in Вести »