Млатата скијачка на скијачкиот клуб Пелистер од Битола Ева Милевска, ги продолжува подготовките на снег овој понеделник со скијачка академија во Италија.
Ова е нејзина прва сезона во FIS и е дополнително на програмата во Италија. Во соработка со Скијачка федерација на Македонија, Милевска е номинирана и примена на интензивни 4 седични подготовки во Австрија организирани по програма на FIS.
-Се радувам на тоа што по летната сезона кога постојано тренирав “на суво“ и имав подготовки за наредната скијачка сезона, конечно ќе бидам на снег, тоа што најповеќе го посакувам и многу ми недостигаше. Ќе бидат интензивни подготовки на кои во наредните 4 седмици и ќе бидат база за наредната сезона, ни рече Ева Милевска, пред заминувањето за Италија.
Средината на ноември ги очекуваме и првите деби трки во FIS на Ева Милевска.