Еурофарм Пелистер 2 – Аеродром 38:40 (19:23)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола, гледачи: 500
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје
Еурофарм Пелистер 2: Штаковски 1, Младенов, Маркоски 1, Талевски 5, Ристевски, Мирчески, Димовски, Блажевски, Трпчевски 8, Димитровски 5, Калајџиовски 2, Пецаковски, Ивановски 3, Белистојановски 8, Мијушковиќ 5
Аеродром: Богдановски, Пајковски 8, Бучуковски 2, Мелоски 8, Митревски, Костов 12, Павличковски, Оптовски 3, Стојановски, Трифуноски 3, Бошковски, Анакиевски 4, Анѓелковски, Грујевски, Димевски, Кизиќ.Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 се поразени во Битола, на свој терен во
Суперлига, во “А“ група, во 5. коло од новајлијата екипата на Аеродром. Гостите постигнаа 40 гола и победија 38:40, полувреме 19:23.На стартот на натпреварот екипата на Аеродром по седум минути игра имаше водство од 3:7. Тренерот Петровски побара тајм-аутот, но и во продолжението Аеродром продолжи во ист стил и со цврста одбрана и ефикасна игра во напад за 19:23 на полувреме.
И во второто полувреме Аеродром имаше контрола, а младите “пелистерци“ најмногу што направат е што дојдоа на само еден гол минус, но на крај се радуваа гостите од Скопје.
За домашниот тим најмногу голови постигна Трпчевски, вкупно осум.
Фото: Дамијана Ристевска