Press "Enter" to skip to content

Пелистер Волеј со победа во Битола ја започна сезоната со победа (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Фламинго Волеј 3:0

(25:19; 25:11; 25:20)

Денес во Битола со одигрување на натреварот од 1. коло од Втората одбојкарска лига одбојкарките на Пелистер Волеј ја започнаа новата сезона во која влегуваат со јасни амбиции, враќање во најквалитетното одбојкарско семејство.“Пелистерки“ предводени од тренерот Роберт Митковски победија убедливо со 3:0 по сетови и во ниту еден момент да ја доведат победата под знак прашалник.-Денес истрчавме на терен со неколку принудни измени кои дојдоја во последен момент после обновување на повредата на нашиот среден блокер Меланија Каралиоска. Секогаш стартот и првите натпревари се најтешки за играње и тие сами по себе носат доза на неизвесност особено во лига систем во кој практично немате право на грешка кога се има високи амбиции, рече тренерот Роберт Митковски, кој за натпреварот додаде:

-Екипата на Фламинго Волеј добро се држеше во првиот сет, во вториот Пелистер беше апсолутно доминантен, но во третиот сет Фламинго се покажа како жилав противник во кој посерозно се закани, но нашите одбојкарки го амортизираа нападот прецизно, навремено и точно, недозволувајќи никакво изненадување, па првата победа и трите бода остануваат во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »