Во текот на изминатата вечер (18/19.11.2023) во периодот од 23.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 59 возачи. Од нив 34 на територија на Прилеп, 15 во Битола, четири во Македонски Брод, три Крушево, два во Ресен и еден во Демир Хисар . За време на контролата биле санкционирани и 33 други видови прекршоци.
На 18.11.2023 во 10.32 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Партизанска“ и ул. „Тодор Паница“ во Битола, 24 годишно лице од Швајцарија, управувајќи мотоцикл со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Увид на местото извршила екипа на СВР Битола.