Press "Enter" to skip to content

Ангеловски: веруваме во тоа што го работиме, за кратко време ќе дојде и победата!

По натпреварот во Битола помеѓу Еурофарм Пелистер и ПИК Сегед на официјалната прес комнференција зборуваше тренерот на битолчани, Бранислав Ангеловски, кој посочи позитивни критики до своите избраници и рече:

-Сакам да им се заблагодарам на играчите кои веруваат во тоа што го работиме на тренинг. Веруваат дека сме блиску до победа и за краток рок ќе дојдеме до неа. Победата ја заслужуваат сите, првенствено навачите и сите битолчани кои се осми играч. Мора да останеме мирни и фокусирани за да бидеме сплотени. Во Лигата на шампионите има силни ривали, ние треба да го билдаме своето име и да направиме респектабилна екипа за годините кои следат. Сметам дека имаме иднина. Со добра работа и овие натпревари може да ни дадат за право дека ќе бидеме уште подобри.

More from ВестиMore posts in Вести »