Press "Enter" to skip to content

Министрите Костадиновска-Стојчевска, Спасовски и Николовски во работна посета на општина Битола (фотогалерија)

Денес во Општина Битола во работна посета беа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Тројцата министри заедно со раководството на ОО на СДСМ од Битола, членови на патријата и други денешната агенда ја започнаа на средба со корисници на средства преку годишната Програма за поддршка на проекти од национален интерес во културата и преку конкурсот “Цртај на македонски“ во галеријата „Магаза“.По претставување на дел од проектотите кои се реализирани во Битола од страна на директните носители на истите, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска даде изјава  при што рече:-Вложуваме во младите и ги препознаваме нивните иновативни идеи, поддржувајќи го проектот за афирмација на културата и традицијата преку креативни и иновативни занаети за млади, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на средба со корисниците на средства преку годишната Програма за поддршка на проекти од национален интерес во културата и преку конкурсот „Цртај на македонски“. Во Битола, вреднувањето и моќта на културата, како срце на секоја заедница, се должи на големиот број поддржани проекти на конкурсите на Министерството за култура како и на активното и успешно работење на националните установи, но и на здруженијата и поединци од градот.-Над 86 милиони денари се вложени само за поддршка на програмите на Националните установи во Битола, а со скоро 7 милиони денари беа поддржани другите корисници за проекти со кои ги поддржавме младите уметници на конкурсот „Цртај на македонски“, кој започна во 2022 на моја иницијатива за да се афирмираат кирилицата и македонскиот јазик, подржавме млади пијанистки, детски фестивал, издавачки куќи, здруженија на граѓани и други корисници кои добија поддршка од Министерството за култура, истакна Костадиновска-Стојчевска.Потоа посетата на Битола продолжи во СВР Битола, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски каде министрите имаа краток состанок со началникот на СВР Битола – Бенито Јошевски, по што Спасевски за медиумите рече:-Кога зборуваме за приоритетите на криминалитетот, ова што денеска го презентирав за Битола, тоа е тенденција на ниво на државата. СВР Битола има огромно намалување на криминалитетот кој се движи 25% во споредба со минатата година. На ниво на државата имаме намалување на вкупен крминалитет за 11%, а ефикасноста е зголемена за 4%. Еден од приоритетите на МВР е, секако, недозволената трговија со дрога и оружје. Тој приоритет е насочен кон сите СВР-а. Потојат два вида криминални активности, би рекол, во недозволената трговија со дрога: организирани крминални групи и оние кои се занимаваат со меѓународен транспорт на дрога и оружје, како и уличните препродавачи, истакна Спасовски, додавајќи дека 2022 и 2023 се години со најдобри резултати во овој дел.-Во овој период може да се каже дека имаме извонредни резултати. 2022 ја завршивме како најдобра година во делот на спречувањето на дрога. Оваа година имаме уште подобри резултати од тие што беа минатата година, огромни колични заплена на дрога марихуана, а и кокаин, хероин, амфетамини кои се запленети во поголеми количини.Сакам да истакнам за неколку меѓународни акции, кои беа по информација на нашите служби во МВР – едната со Грција, втората со Албанија, која ја работевме преку СЕЛЕК – заедничка иницијатива за борба против организиран криминал на Југоисточна Европа. Сите заеднички успеавме да, во неколку обиди, заплениме над 100кг кокаин на грчкото пристаниште, во заедничка акција со грчката полиција, или над 130кг кокаин во Албанија по информација на македонските полициски службеници. Пресечени се многу меѓународни канали, исто така и огромно количество оружје, рече министерот Спасовски и  ја истакна вчерашната акција на територија на ОВР Струга.Потоа агендата продолжи во село Кажани каде имаа средба со жителите на селата Кажани и Маловишта, а министерот рече:-За нас секој граѓанин е важен, секое едно населено место. Жителите на селата Кажани и Маловиште го потврдуваат тоа. Како министерство и Влада преку Националната програма за рурален развој вложуваме и во подобрување на условите за живот во руралните средини. Токму овде во Битола изминативе години поддржани се повеќе проекти. Комплетно е извршена реконструкција на патниот правец од село Кажани до село Маловишта, во должина од 4 километри и во вредност од 20 милиони денари, од кои 16,2 милиони денари поддршка од државата преку програмата за рурален развој. Со поддршка од 5,6 милиони денари преку оваа програма обезбедвме поддршка и за адаптација на дел од пазар во Битола, за негово покривање, изведба на ново партерно уредување, нова водоводна и одводна мрежа и осветлување.Потоа министрите ја посетија компанијата “Флора Фреш“, уште една во низата успешни ИПАРД корисници. Оваа компанија одгледува овошни садници на јаболка на 25 хектари површина.

More from ВестиMore posts in Вести »