Press "Enter" to skip to content

Со концерт на “Tales from the box“ започна 15. издание на Фестивалот на музика од светот (фотогалерија)

Синоќа во Битола, во салата на Народниот театар во Битола започна 15. јубилејно издание кое беше отворено со “Tales from the box“ – виолончело, пијано и хармоника – три инструменти кои се обединуваат на неверојатно музичко патување кое ќе опфати векови и жанрови, а некои изведби беа изведени премиерно во Битола.Покрај отворањето битолчани денес ќе можат да уживаат во концертот на словенечката група “Laibach“ во Македонија, во организација на Центарот за култура од Битола, за што директорката на отворањето уште еднаш потенцира:-Ова е фестивал на Ричард Галијано, Наташа Атлас, Тагарија квартет, Баба Зула, Елена Томашевиќ, Лиља Крстиќ, а тоа е мото на ова издание “Една сцена – звук на светот“.-Додека музиката ги исполнува салите, сцените, срцета, сетилата, да бидеме потсетени дека без разлика на нашето потекло споделуваме заеднички јазик, јазикот на уметноста. Музиката ја има токму таа моќ да не поврзе со целиот свет. За време на фестивалот ќе имаме можност да искусиме низа жарнови, унструменти гласови кои го потвердуваа богатството на  нашата глобална заедница, од традиционални мелодии, до модерна фузуја раскажувајќи ја приказната на нашиот фестивал, рече директорката на Центарот за култура во Битола, Маја Андоновска – Илиевски. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска се обрати на 15. по ред издание на Фестивалот на музика од светот, и која го отвори фестивалот, при што рече:-Горда сум што Битола преку овој фестивал и придружната програма покажува подготвеност на високо ниво да се вклучи во европските процеси на поддршка на младите локални автори, и да ги поврзе националната со независната сцена. Интегрирани, отворени кон светот, го честитам овој јубилеј, и се гордеам што Битола гради култура на европски центар, отворен за светските имиња. Впрочем, каде ако не во земја, во држава чиј културен идентитетски столб е музиката.  По 15-ти пат преку фестивалот “Музика на светот“ Битола покажува дека е дел од глобалните процеси за обединување на светот, преку музиката и културата. Во денешно време, музиката се шири веднаш штом ќе се појави на некоја од дигиталните платформи, и така таа станува заедничка, во истиот момент, за милиони луѓе од целиот свет“, истакна министерката додавајќи дека „луѓето полесно се разбираат, се запознаваат со различностите на културите, се обединуваат, ги збогатуваат своите емоции. Фестивалот ја става Битола на познатата светска листа на градови кои го слават жанрот „world music“.Во уникатна соработка, “Tales from the box“ трио составено од виртуозот на хармоника Танос Ставридис, пијанистот Бобан Мирковски и виолончелистката Стела Темпрелис настапија синоќа за прв пат настапија пред битолчани. Концерт беше ретко уживање за публиката, бидејќи комбинацијата на овие тројца исклучителни музичари и нивните инструменти создава музичко истражување и иновации, каде минатото и сегашноста се спојуваат во хармоничен сјај.       

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »