Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: санкционирани 12 возачи под дејство на алкохол

Во текот на изминатата вечер (25/26.11.2023) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата, санкционирани се 12 возачи под дејство на алкохол на територија на Битола, а 5 во Прилеп.

За време на контролата биле санкционирани и други видови прекршоци. Акциските сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

More from ВестиMore posts in Вести »