Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени тројца дилери, тројца малолетници натепани од мајка на нивна соученичка

На 28.11.2023 на ул. “Македонска фаланга“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 19 годишник од село Канино, битолско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и пиротехнички средства. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
 
На 27.11.2023 во 19.30 часот на ул. „Стрчин“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 24 и 32 години, двајцата од Битола, затоа што кај била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 27.11.2023 во 15.30 часот во СВР Битола, Б.З.(42), Н.Р.(44) и Ѓ.Ф.(38), сите од село Доленци, битолско, пријавиле дека нивните малолетни деца биле физички нападнати од мајка на нивна соученичка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

More from ВестиMore posts in Вести »